Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.
„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број“, објавија од Статистика на профилот на Фејсбук.







