Притворен уште еден насилник од протестите за „Монструм“

За в петок е закажан нов протест за пресудите во „Монструм“ , а во меѓувреме е откриен и притворен уште еден насилник од протестот што се одржа на 26 февруари.



Се работи за 19 – годишен жител на Стајковци, кој за време на протестите, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, фрлале камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, при што беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Осомничениот бил маскиран за да го скрие неговиот идентитет.

На барање на јавниот обвинител, на осомничениот му е одреден притвор од осум дена поради опасност од бегство и од повторување на делото.

Три лица, кои беа обвинети за истото дело веќе добија казни затвор од по една година.