Досега се самопопишале 171.620 македонски државјани кои живеат во странство соопшти Државниот завод за статистика и информира дека само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице.
Најмногу самопопишани има од Швајцарија – 56.146, следува Германија со 39.167 лица и Италија со 27.402 македонски државјани пријавени преку ектронската апликација.
Во САД се самопопишале 7.081 лице, во Австралија со само 2.099 попишани лица и во Канада – само 1.541 лице.
Во Австрија се попишале 10.030 лица, во Обединето Кралство – 2.342, во Турција – 1.624, Франција – 1.552, Чешка – 839…
Од поранешните југословенски простори најмногу македонски државјани се самопопишале во Словенија – 3.263 и во Хрватска – 1.259, потоа следува Косово со 960 лица, Србија – 644, Босна и Херцеговина – 519 и Црна Гора со 155 самопопишани лица.
Од заводот велат дека е интересно што во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11.






