Академик Катица Ќулавкова објаснува како некогаш се окупирале земји а како сега се обидуваат да ја уништат Македонија.
“Во минатото најпрвин ја заземале територијата, па потоа ја освојувале културата, го потчинувале народот и ги наметнувале окупациските институции. Денес во Македонија обратно, најпрвин ни ги презедоа институциите и законите, па културата, на крај пробаат и народот да го избришат и да го раселат по светот. Случај без преседан во историјата. Такви се македонските состојби во 21 век. Разнебитување на македонската држава однатре”, пишува академик Ќулавкова.
Таа е една од неколкуте членови на МАНУ кои заедно со претседателот Коцарев се во првите редови на заштита на македонскиот идентитет и кои не се повлекуваат пред провладината пропаганда која се обидува да ги уништи во јавноста поради нивните ставови против Северна.






