АСМЛ: Зошто се чека со вакцинацијата до среда кога знаевме дека вакцините доаѓаат

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и нуди помош на владата и министерот Филипче за полесно справување со Ковид-19 кризата.



Од таму се чудат зошто се чека цели 3 дена за да се искористат вакцините кои што дојдоа денеска од Ковакс системот.

“Срамота е да нема разработен акционен план, посебно што се знаеше кога ќе дојдат вакцините.

Апелираме цело време за јасен и транспарентен акционен план. За јасна комуникација и лесно закажување за пациентите.

Срамота е што само за еден викенд има повеќе вакцинирани Македонци во Србија отколку што со донираните вакцини кај нас се успеа за скоро 1,5 месец.

Срамота е што сеуште цела Македонија се вакцинира во Скопје.

Побарајте помош, тука сме, велат во својата реакција од АСМЛ.