Претседателот Пендаровски на чуден начин се оправда од обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека и тој заедно со други високи функционери на СДСМ имал контакти со криминалци и нарко-босови што се во бегство.
Опозицијата врз база на фотографии објавени на социјалните мрежи, ги прозва претседателот, премиерот и министерот за внатрешни работи дека лично се познаваат со лица од акцијата во Грчец за сузбивање трговија со дрога, за која Русковска рече дека е пробиена
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски реагира и ги отфрла обвинувањата од опозицијата дека лично се познава со лица од акцијата „Планина“.
Од кабинетот на Пендаровски велат дека, на денешната прес-конференција, се инсинуира за наводна поврзаност на претседателот со овие лица, за што беше приложена и фотографија.
Она што е збунувачко во објаснувањето на Пендаровски зошто се сликал со лицата во бегство кои ги гони обвинителката Русковска е тврдењето дека тој не ги познава затоа што со нив се сликал на стоење што укажува на можноста со нив да биле блиски тие што седеле на иста маса.
Со тоа претседателот индиректно упати на Министерот Оливер Спасовски, Вице Заев и други високи функционери на СДСМ кои што според објавените фотографии седат и уживаат во софра со бараните криминалци.

„Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година, посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање. Поради тоа, кабинетот на Претседателот отфрла каква поврзаност на претседателот Пендаровски со лицата вклучени во случајот“, се наведува во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.
Денеска, на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека на социјалните мрежи и на интернет портали во изминативе два дена се појавија фотографии, на кој може да се види дека високи функционери од власта седат на иста маса со нарко-босовите кои сега им побегнаа.
„Во која држава премиерот, министерот за внатрешни работи и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови. На овие можат да им позавидат и најпознатите нарко картели во светот. Јавноста е сведок и на фотографија од претседателот Пендаровски, заедно со еден од овие нарко-босови, како што ги нарече самата Русковска. Како претседател на Советот за безбедност, Пендаровски е должен да одговори каква конекција има и имал со овие лица. Исто така, на фотографиите може да се забележи и Вице Заев, братот на премиерот, во друштво со овие докажани криминалци“,
изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓоргиевски исто така го прозва и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека два дена молчи по изјавата на шефицата на Обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата „Планина“.
„Спасовски избегнува да одговори на прашањата кој е кртот и како акција, најавувана со фанфари на собраниската говорница, заврши со заплена на 100 грама кокакин и клучеви од луксузни возила на нарко-босовите“, рече Ѓорѓиевски.
Највисоки државни функционери со нарко босовите што ги бара Русковска (ВИДЕО)






