Марк-Андре тер Штеген ќе добие предност пред стандардниот Мануел Нојер на голот на фудбалската репрезентација на Германија против Македонија в среда во Дуизбург од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.
Според магазинот „Билд“, селекторот Јоаким Лев планира да му даде ретка можност на чуварот на мрежата на Барселона да почне натпревар за „панцерите“ против „црвено-жолтите“.
Капитенот Нојер ќе биде во почетниот состав на гостувањето во Романија вечерва, по што ќе добие поштеда, па дури е можно и да се врати во Минхен.
Тер Штеген последен пат бранеше за Германија во триумфот од 6:1 над Северна Ирска во ноември 2019 година.





