Зошто вицепремиерот за корупција не пријавил рекетари во неговата куќа во МВР?

Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски не го пријавил инцидентот пред неговата семејна куќа во Крива Паланка за кој објави на Фејсбук.



Извори во МВР велат дека инцидентот за кој зборува Николовски не е дел од билтенот за настани и инциденти кој секој ден го води полицијата затоа што таков настан нема пријавено ниту во полициската станица во Крива Паланка ниту во централата во Скопје.

По оваа информација се поставува логичко прашање зошто вицепремиерот за корупција и криминал не ги пријавил криминалците и рекетарите кои вчера биле пред неговиот дом во Крива Паланка и ги вознемирувале неговите возрасни родители.

Од тука е логично и прашањето дали Николовски навистина платил рекет или се уплашил од криминалците и затоа не ги пријавил.

Јавна објава на инцидент со криминалци и рекетари и негово непријавување во полиција е сериозен проблем кој ја отвара и дилемата дали Николовски е под притисок на криминалци и рекетари кои можеби го држат во некаков вид заложништво.

МВР без детали за инцидентот со рекетари и криминалци пред куќата на вицепремиерот за корупција