Кога непристрасниот бизнис ќе му каже на Филипче: МРШ

Невообичаена остра и директна порака од претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска кој владата и министерот за здравство.



Арсовска важи за неполитичка личност ориентирана кон помош на бизнисот и умерена во давање политички оценки за дневно-политички прашања.

“Во 30 години независна Македонија, толку неспособен министер како Филипче ни имало ни ќе има. Умираат луѓе на секој чекор, се борат за живот, бараат спас каде ќе стигнат, одат по други држави да се вакцинираат изложувајќи се на опасност од зараза, економијата поради неговата неспособност по цела година да воспостави контрола е на раб на пропаст, а тој се слика без срам со 1 кутија вакцини кои требаше да пристигнат минатата година. Уште сите амбасадори ги собрал, да се сликаат за големиов успех. Мрш”, пишува Арсовска која досега избегнувала да учествува во јавни коментари и дебати поврзани со чисто политички прашања.

Емотивната реакција на Арсовска дојде откако министерот Филипче се пофали со приемот на доза вакцини кои се доволни само за 12 илјади луѓе.