Струмичките актери бараат оставка на Стефоска, не сакаат директор-фискултурец

Струмичките актери денеска на одбележување на Светскиот ден на театарот побараа оставка од министерката за култура Ирена Стефоска бидејќи цели два месеца не реагирала за изборот на Васил Бубев за директор на струмичкиот Центар за култура.



Актерите и претходно протестираа за изборот на Васил Бубев , кој е професор по физичка култура и беше директор на градинката „Детска радост“ во Струмица.

На конкурсот за директор на Центарот за култура „Антон Панов“ беа одбиени магистер по културен менаџмент и актерка со речиси 30-годишно искуство.

Актерите велат дека министерката се обидувала да го одбрани донесеното решение кое не оди во прилог на театарот во Струмица.