Веднаш по оддавањето почит на македонските бранители за успешната операција за ослободување на тетовското Кале од терористите на УЧК во 2001 година, уништено е местото на Балтепе на кое беа оставени венци со свежо цвеќе.
Новата спомен-плоча не е уништена, зошто Одборот на бранители од превентивни причини ја однел на безбедно место веднаш по одбележувањето на 20-годишнината од преземањето на Кале од тогашната ОНА, а беше одржана и панихида за загинатите припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи од тетовскиот регион.
„Оштетувањето го пријавив во полиција. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело“, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.






