Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара пописот итно да се одложи до јуни или на неодрдено време и бара подршка од сите политички партии.
Влошената епидемилошка состојба, ширењето на вирусот, големиот број заразени, исполнети здраствени капацитети, немањето вакцини и опасноста од бојкот се дел од причините за одложување на најголемата статистичка операција.
Павле Трајанов предупредува дека доколку тоа не се стори пописот нема да биде успешен а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.







