Напнато на мерењето за мечот: Мејведер-МекГрегор

Како се наближува мечот на столетието како што го нарекоа Американците станува интересно, но и затегнато во двата табора односно кај двата борца. Во Лас Вегас на полноќ за време на мерењето ММА борачот Колин МекГрегор се обиде да го испровоцира Флојд Мејведер, но боксерот и фаворитот според најголем дел од аналитичарите остана мирен што е невообичаено за него.



Мечот кој тежи 100 милиони долари се одржува вечерва во Лас Вегас со одамна продадени билети и ТВ права.

Ирецот твдри дека е посилен и дека гледа страв во лицето на Флојд кој се врати од пензија за да докаже дека е подобар и од сите во УФЦ спорот. Обложувалниците се пожалија дека 95 насто од уплатите се на победа на Мејведер што можеби се должи и на фактот што двајцата непоразени шампиони во своите спортови ќе се борат по боксерски правила.