Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, реагира на најавената промена на имињата на улиците во Градот
„Конечно се потврди дека Петре со промента на имињата ја брише историјата на Македонскиот народ и не прави титова творба.
Тоа што го сакаат Бугарите и инсистираат на него и тоа што го потпишаа во Преспа. Ги бришеш имињата на античките Македонци и на Илинденците а ставаш личности кои немаат ништо допирно со Македонската држава или такви кои активно работеле против нејзе.
Петре, да ги избришеш имињата на Филип 2 Македонски, Јустинијан први, Христо Татарчев, Павел Шатев, Тодор Александров, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и да ги замениш со личности за кој народот вели “добро бре кој се овие” е врв на антимамакедонизмот кој го промовирате откако ве инсталираа на власт.
Македонија не е од 1945 Петре Поминала мајка Македонија многу како вас ќе ве помине и надживее и вас. Да живее Македонија“, пишува Трајановски на Фејсбук.







