Фудбалската репрезентација на Македонија имаше голема можност да го прекине црниот биланс против Романија, откако израмни со два гола за две минути во финишот, но го загуби и петтиот меѓусебен дуел, овојпат со 3:2 во Букурешт на стартот од мундијалските квалификации.
Играчите што влегоа од клупата Аријан Адеми во 82 минута и Александар Трајковски во следната ја стопија предноста на домаќинот од 2:0 преку Флорин Танасе во 28. минута и Валентин Михаила во 50. минута, но Јанис Хаџи пет минути пред крајот спречи македонско славење на Националната арена.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаат за што да жалат и поради реализирањето само на две од деветте стопроцентни шанси за погодок, имаа и 15 удари кон голот на Ница, а Адеми погоди уште еднаш во последните секунди, но голот му беше поништен поради офсајд!
Квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар за Македонија продолжуваат в недела од 20:45 часот, кога во Скопје гостува Лихтенштајн, кој загуби дома од Ерменија со 1:0.
В среда во Дуизбург, пак, „црвено-жолтите“ ќе ѝ излезат на мегдан на Германија, која славеше над Исланд како домаќин со 3:0.
Финишот за инфаркт:





