Романските новинари се изненадени од лежерноста на македонските фудбалски репрезентативци кои на последниот тренинг пред вечерашниот важен квалификациски меч за светското првенство ја играа играта која е позната како “БЗЗЗЗ”, во која еден “лежи” и треба да погоди кој го удрил по раката додека му се затворени очите.
Како што се гледа од видеото целата симпатична сцена ја следи и селекторот Ангеловски кој националниот тим веќе го пласираше на Европското првенство кое ќе се игра летово.
Македонската фудбалска репрезентација во исчекување на летното деби на Европското првенство од вечерва тргнува и со мундијалскиот квалификациски циклус и пресметката со еден од директните конкуренти на патот кон Катар.
Средбата со Романија почнува во 20.45 часот а се игра на Национална Арена во Букурешт.
Just Macedonia's official training before the game vs Romania.
Watch this. pic.twitter.com/HIczVusIzA— Emanuel Roşu (@Emishor) March 24, 2021






