На дневниот ред на 36-та седница денеска беа ставени само четири точки, откако мнозинството и опозицијата се договорија да не се закажува посебна седница, но да се деблокираат законите од петтиот пакет антикризни мерки.
Власта и опозицијата заедно ги изгласаа трите предлог закони за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, за финансиска поддршка на работодавачите и за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.
Останатите точки, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски беа повлечени од 36. собраниска седница со 87 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“.
Помина и Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, заради заштита од илегална миграција во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација.
Останатите 26 точки од 36-та седница по итна постапка ќе бидат ставени на друга собраниска седница.





