Хаос во црногорското собрание: Спикерот гаѓан со Деловникот (ВИДЕО)

Седницата на Парламентот на Црна Гора продолжи по паузата дадена по инцидентот кога пратеникот од Либералната партија Андрија Поповиќ, со Деловникот го гаѓаше претседателот на парламентот Алекса Бечиќ.



Спикерот Бешиќ потсети дека Деловникот е акт што е признат со Уставот на Црна Гора и кој се донесува со гласање на најмалку 41 пратеник во Собранието.

„Тоа зборува за неговата тежина, но и за потребата од почитување, бидејќи со почитување на Деловникот, ние исто така го почитуваме Собранието“, рече Бечиќ.