Фајон: Бугарското вето е неодговорно

На дебатата вио Европскиот парлемент за извештаите за земјите од Западен Балкан, европратеничката Тања Фајон оцени дека бугарското вето за преговорите со Македонија е неодговорно.



Фајон порача дека едностраното делување нема ништо заедничко со критериумите за членство во ЕУ.

„Бугарија треба да ги повлече своето вето, затоа што кризата што ќе ја предизвика бугарското вето ќе го загрози процесот на проширувањето за другите земји од регионот“, рече таа.