Во текот на утрово во акција предводена од Јавното обвинителство во скопското село Грчец и општината Гази Баба уапсени се најмалку дваесет лица за трговија со дрога и други кривични дела.
Според првичните информации станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се товарат за криминал од високи размери, а акцијата е предводена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.
Полициската акција се уште трае, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето.





