Вчера портпаролот на Владата Душко Арсовски најави дека бојкот и повик на бојкот на пописот ќе се третира исто како и организирање на отпор за што следува од една до 5 години затвор за тие што нема да се попишат или ќе агитираат други граѓани да се попишуваат.
Денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и екс министер за надворешни работи Антонио Милошоски го стори тоа за што вчера владата најави затворски и други прекршочни казни.
“Како родител на 5 малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против Ковид19!”, напиша Милошоски со што најави дека нема да ја почитува владината одлука за попис.
Со постот Милошоски индиректно поттикнува и други луѓе кои размислуваат како него да не се попишуваат односно според владата агитира против попишување.
Сега е на ред владата преку портпаролот Арсовски да покаже дали блефира оли навистина ќе носи граѓани до 5 години в затвор затоа што одбиваат да се попишат во обид да си го заштитат семејството.
Како родител на 5 малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против Ковид19!
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) March 25, 2021
Вчера владата најави до 5 години затвор за бојкот на пописот
Портпаролот на Владата најави 1 до 5 години затвор за бојкот на пописот





