По лошата вест од Брисел удар за вакцините и од Индија

По денешната одлука на ЕК со која е одлучено сите капацитетите на унијата да се насочат на задоволување потребите на земјите членки денеска уште една лоша вест за можноста Макеодонија да добие наскоро доволно вакцини за битка со Ковид-19.



Владата на Индија денеска донесе одлука за привремена забрана на извоз на вакцини против коронавирус од компанијата „Астра Зенека“ кои се произведуваат таму, бидејќи смета дека се што се произведува во земјата мора да и да остане, поради порастот на заразени, објави Би-би-си повикувајќи се на тамошното Министерство за здравство.

Во образложението се наведува дека поради ова, мора да се забрза вакцинацијата во следните недели, за што ќе бидат неопходни сите вакцини произведени во Индија.

Официјални лица изјавија дека станува збор за привремена забрана, а владини извори велат дека таа може да трае до крајот на април, објавува Би-би-си.

Денешната одлука на индиската Влада ќе влијае на околу 190 земји кои ја очекуваат вакцината „Астра Зенека“ преку програмата на Светската здравствена организација – Ковакс.

Меѓу овие земји е и Македонија.

Предходно и Европската комисија донесе одлука со која земји меѓу кои и Македонија нема да можат лесно да добијат европски вакцини.

ЕУ ни го сврте грбот за извоз на вакцини (ЛИНК)