Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на КОВИД-19.



Регистрирани се 451 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Меѓу починатите се и две пацинетки – една на 23 и друга на 24 годишна возраст.

Тие се најмладите две жртви од коронавирус оваа година.