Синоќа во Заспиј ако можеш на Алфа, македонски научник од Канада понуди идеја за надминување на проблемот со Бугарија. Нов, иновативен пристап во решавањето на квадратурата на кругот со нашите соседи, односно со нивниот примитивен, одбоен и одвратен национал-шовинизам.
Дали е возможно да даде резултати предлогот на македонскиот професор од северна Америка? Не сум сигурен, иако во секој случај е подобар од сегашното големо НИШТО. Дали македонските власти ќе ја разгледаат неговата идеја? Се разбира дека не. Тогаш зошто беше фантастично гледана емисијата, (инаку маестрално водена од Горан Момироски) и зошто воопшто сега трошиме зборови на оваа тема?
Одговорот е јасен, идеите се на наша страна. Критички расположената јавност, тука во Македонија и по сите линиии на отпорот распослана низ светот, одбива да влезе во шемата на неспособната власт и нејзините турбо-фолк медиумски поддржувачи.
Опозицијата има идеи, власта има само празни оправдувања за неуспесите. Критичките медиуми, новинари, интелектуалци, професори, философи, уметници имаат три чисти во главата да понудат начини за надминување на кризата која оваа и ваква власт и нејзините послушници ни ја наметнуваат како судбинска нужност.
Нема судбина освен таа што самите си ја градиме. Бог ни е неопходен во приказната, но и тој не сака да има работа со празни, разочарани и стерилни луѓе, а особено не со исти такви нации. Владата е пасивна на секое поле.
Не знае како со пандемијата, чека Србија да ни го имунизира населението. Не знае како со пописот, чека Албин Курти и Еди Рама да ни го завршат пребројувањето на народот. Не знае како со Бугарија.
Ветиле, не можат да испорачаат, притиснати во менгеме молат ЕУ некако да се смилува или можеби новата американска администрација да ја притисне Софија за колку толку да попушти во незвоможните барања и закани.
Немаат појма како понатаму со економијата. Планот е да се позајмуваат додека странските банки даваат заеми, но наскоро нема да бидат во состојба ниту да ги враќаат доспеаните рати за досегашните позајмувања, а камоли да остане нешто фира за плати и пензии. Нема никакви реформи никаде, а најмалку во правосудствто.
Овде се шлепаат на празни флоскусли и кобајаги законски решенија кои звучат европски во теорија, но во пракса нивото ни се Сомалија и Ангола. И така натаму и се во тој правец. Булументата која е задолжена за одбрана на овој распаднат систем буквално е истрошена и соголена. Најдобрите меѓу нив целата енергија ја спрегнале во бескрајно релативизирање и правадање на се полошите афери.
Не знаат што попрво да прават, дали да плачат колку не се фер шлаканиците на меѓународната сцена или изнасилено да се смеат поради оправданиот народен бес. Со нашите идеи, со нашето знаење, со нашата креативност, во однапред изгубена битка пуштаат полуписмени, приглупи или пореметени новинарски отпадоци, изгустирани професорски лешпери, очајни домаќинки од НВО сцената. Немаат што да понудат освен навреди и во последно време се понагласени закани.
Системот заснован на лаги, слуги и лешпери не може да се оддржи во битката со оние кои и сакаат и знаат и можат ем подобро ем повеќе. Затоа, наместо да се троши енергија на интелектуално претепување на мртвопувалата,( што е весело мора да се признае, но во суштина бесполезно) да се насочиме кон креација. Кон уште повеќе идеи и решенија.
Да ја окупираме јавната сцена со најдоброто што можеме да го понудиме и притоа да бидеме подготвени за секавична ракција веднаш штом околностите тоа ќе го дозволат за да си ја спасиме земјата. А кучињата нека лаат, ако сме расположени, на крајот ќе им дадеме по некоја коска. Да глодаат. Да се радуваат.
Видео од емисијата





