Портпаролот на Владата, поранешниот новинар на МТВ Душко Арсовски денеска го спореди кривичното дело организирање отпор со бојкотирање или повик на бојкот на пописот.
“Учеството во #Попис21 е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик”, објави портпаролот на Владата.
Арсовски зборува за затворски казни од 1 до 5 години.
“Ако, поради делото не е спроведено или е значително отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка или ако делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до 5 години”, порачува Арсовски објавувајќи ги високите затворски казни за тие што повикуваат или го бојкотираат пописот.
Учеството во #Попис21 е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик. pic.twitter.com/BmDBQwKwDj
— Портпарол на @VladaMK (@portparolVRSM) March 24, 2021





