Четири пиштоли пронајдени во стан на Груевски во Скопје

Во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, било пронајдено е и одземно оружје, дознава „Слободен печат“ од извори во во Јавното обвинителство по вчерашниот претсрес.



Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, дознава „Слободен печат“.

Според шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера полицијата и обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски.

Неофицијално, станув збор за трите стана во зграда на поранешна Бихаќка.

Груевски преку Фејсбук демантираше дека становите се негови како и дека земал пари од членарина во партијата.