Германската канцеларка Ангела Меркел ја повлекла одлуката за дополнителните рестриктивни мерки што требаше да бидат воведени за време католичкиот Велигден по острите критики на оваа одлука.
„Станува збор за моја грешка“, рекла Меркел според изворите на германската службена новинска агенција DPA.
Спроред овие извори, причина за ваквата одлука е што затворањето или силното ограничување на деловните актовности од 1-ви до 3-ти април би било тешко применувано.
Истовремено, сѐ е поголемо незадоволството на германските граѓани од строгите рестриктивни мерки, а владејачката Христијанско-деморкатска унија (CDU) на Меркел бележи силен пад на популарноста во пресрет на парламентарните избори закажани за крајот на септември.





