Првиот вицепремиер Артан Груби на денешната средба средба со претставници на турската заедница во земјата ги повика припадниците на турската заедница да се попишат.
„Преку оваа средба, Груби и претставници на турската заедница го повикаа населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира, додека преку личности кои имаат влијание врз општеството да му се пренесе пораката на секој граѓанин за важноста на овој процес“, соопшти Кабинетот на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.







