Тајванскиот брод „MV Ever Given“, долг 400 метри и широк 59 метри, се насука и го блокираше Суецкиот канал – едen од најпрометните поморски трговски патишта во светот.
„Бродот со контејнери се насукал веројатно поради силен налет на ветерот“, објави Evergreen Marine Corp, Франс прес.
Поради ова повеќе од 100 бродови чекаат да поминат.
Суецкиот канал, отворен во 1869 година, е премин од Црвеното кон Средосемното Море и низ него се одвива окоолу 10 отсто од меѓународната поморска трговија.
Речиси 19.000 бродови минаа низ каналот минатата година, и тоа е клучен извор на приход за Египет – 5,61 милијарди долари само минатата година.







