Откако денеска 105 медиумски работници од Македонија се вакцинираа за Ковид-19 во Врање, најава за таква акција и од Независниот синдикат на полицијата (НСП).
„Ве известуваме дека Независниот синдикат на полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Република Србија, е во завршна фаза на преговори за обезбедување количество вакцини за членовите на НСП. Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот“, објави НСП.
Македонските медиумски работници, во организација на Македонската асоцијација на новинари (МАН), во Институтот за јавно здравје во Врање примија прва доза од вакцината на „АстраЗенека“.






