Демократскиот сојуз највува самостоен настап на локалните!?

Централниот совет на Демократскиот сојуз донесе одлука за самостоен настап на партијата на локалните избори или во коалиција со сродни политички партии, за што го овласти претседателот да води соодветни преговори, соопшти Демократскиот Сојуз.



На седницата се расправало околу актуелните политички случувања, здравствената криза, пописот и претстојните локални избори.

Во однос на претстојните локални избори, Централниот совет на ДС ја повикува Владата да ги обезбеди сите неопходни услови за фер и демократски изборен натпревар, вклучувајќи го и навременото обезбедување на апарати и софтвер за земање отпечаток од прст при гласањето.