Обвинителството од Гостивар до судот поднесе предлог со по 100 дневни глоби да се казнат четири лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час, јави МКД.Мк..
Обвинетите не ја почитувале забраната за движење на населението од 22:00 часот навечер до 5:00 часот наутро, односно не го почитувале полицискиот час, се вели во соопштението .
Според законот, од едно евро до 5.000 евра може да биде определена дневната глоба.







