Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Република Македонија во Софија, Владимир Крстевски, на разговор во Министерството за надворешни работи.



„Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев.

Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.