Без објавување јавен оглас склучени се договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра, покажува најновиот извештај од спроведениот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации за периодот јануари – јуни 2020 година. Ова, е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.
Според резултатите од мониторингот, на секој трет трендер е доставена една или ниту една понуда, а најниската цена е користена во 96 проценти од случаите како критериум за избор на најповолна понуда со што е задржан неповолниот тренд од претходната година.
„Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот „најниска цена“ се доведуваат во прашање начелата на економичност и ефикасност на јавните средства“, велат од Центарот за граѓански комуникации.






