Проф. Кирјаковски открива како умните влади се справуваат со “попис – корона”

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски цитира меѓународна студија која дава преглед на земјите кои го одложиле пописот за да избегнат ризик од зголемена зараза со Ковид-19.



“Според студија UNECE, досега 15 земји го одложиле пописот поради епидемијава: Германија, Португалија, Ирска, Израел, Русија, Грција, Албанија, Ерменија, Казакстан, Киргистан, Узбекистан, Луксембург, Романија, Украина и Србија”, пишува Кирјаковски.

Македонските власти инсистираат на одржување на пописот иако бројот на заразени и починати постојано расте.

Само вчера во земјава починаа 30 луѓе.