СДСМ без демант за Бетмен Велит, колку членови гласале два пати за Заев

Социјалдемократскиот сојуз денска не демантираше дека нивни член вчера гласал два пати на изборите за лидер на партијата.



Фотографиите ги објави Богдан Илиевски на социјалните мрежи познат како Бетмен Велит.

На двете фотографии се гледа локалниот секретар на СДСМ во Битола Жаклина Наумовска која според фотографиите гласала два пати.

Иако битолска твитерџија на Твитер се обидува да покаже дека се работи за иста фотографија сепак друг Битолчанец прави јасна анализа која докажува дека Наумовска сепак гласала два пати за Заев (или против него) на две различни локации.

На едната фотографија Наумовска нема чанта, на една од кутиите таа гласачкото ливче го става во првата дупка на кутијата, позадината е сосема различна а и кркмите на фризурата и се поинаку поставени.

СДСМ во текот на денот демантираше дека вчера се гласало го училиште но не демантираше дека некои членови гласале по два пати.

Оваа ситуација отвара дилеми колку членови на СДСМ гласале по два пати.

Доколку сите членови на СДСМ гласале по два пати тогаш за 59000 гласа колку што доби вчера Заев гласале околу 29500 партиски активисти.

Дебатата за двојното гласање на овој твит