Плусинфо: Владата ги охрабрува „министрите за попис“

„Секој повик за поддршка на пописот е плус придонес кон успешноста на оваа статистичка операција. Ги повикуваме сите политички чинители најгласно што можат да испратат порака за поддршка на пописот како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна државна статистичка операција“ е одговорот на Владата на прашање на Плусинфо каков е ставот ставот за лобирањето на министрите Артан Груби и Бујар Османи во Приштина, Тирана и во Швајцарија за масовно попишување на албанската дијаспора.



„Секој граѓанин треба да учествува во пописот и да придонесе кон неговата популаризација. Очекуваме пораката за задолжително попишување да ја испратат сите домашни политичари. Пописот е операција околу која треба сите да се обединиме за тој да биде спроведен успешно“, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Од одговорот на владиниот портпарол може да се заклучи дека Владата нема ништо против дека двајцата министри тераат партиска и етничка агенда во соседството за пописот во Македонија. Напротив од Владата стаса и охрабрување така да продолжат, пишува Плусинфо.