„Нема две дијаспори“: Груби негира дека лобира само кај иселените Албанци

Првиот вицепремиер Артан Груби негира дека лобирал да се самопопише само албанската дијаспора. Тој не одговара зошто официјалните посети ги користи за партиска и етничка агенда.



„Нема две дијаспори, една е. Апелирам да се попишат сите наши граѓани кои привремено работат и живеат во странство“,– изјави Груби за Плусинфо.

Артан Груби во моментов е во дводневна посета на Албанија.