Симовски: Лесно им е на Србите да го одложат пописот…

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, го коментира одложувањеето на пописот во соседна Србија поради пандемијата со коментар дека тие, за разлика од нас, немаат избори есенва.



„Попис и избори дефинитивно заедно не можат да се спроведуваат и овој термин и претходно беше избран намерно за да се избегне ваквото поклопување. Ние веќе еднаш го презакажавме одржувањето на пописот во 2019 година поради редовните претседателски избори, а новиот за април годинава беше договорен некаде во октомври пред да се појават првите случаи со ковид-19 во Кина и потоа следеше прогласувањето на пандемијата“, објасни Симовски за Плусинфо.

На прашањето дали поради коронакризата се разгледувале и други опции за спроведување на пописот, Симовски одговори дека најдобро решение е да биде воведен адресен регистар, како што имаат некои земји и оваа статистичка операција ќе се реализира без никакви потешкотии.