Европската унија ги отфрли повиците на британската влада за испорака на вакцините АстраЗенека против КОВИД 19 произведени во фабрика во Холандија, изјави претставник на ЕУ.
Фабриката Халикс во Лајден е наведена како снабдувач на вакцини и во двата договори што АстраЗенека ги потпиша со Велика Британија и Европската унија.
Поранешната членка на Европската унија, Велика Британија, досега вакцинираше многу повеќе луѓе отколку земјите на ЕУ, пропорционално на населението.
Британија инсистираше на тоа дека договорите мора да се почитуваат: „Европската комисија треба да знае дека остатокот од светот гледа како таа се однесува по ова прашање и ако се прекршат договорите и обврските, тоа е многу штетна работа за трговскиот блок кој е горд на своите закони“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас за Sky News.
Европската унија во средата се закани дека ќе го блокира извозот на вакцини против КОВИД 19 во Велика Британија за да ги заштити оскудните дози за нејзините граѓани, а Фон дер Лајен рече дека епидемиолошката состојба се влошува.






