Филипче: Заев дошол да ги исполни соништата на децата на граѓаните!!!

Министерот за здравство Венко Филипче упати збунувачка емотивна јавна порака до јавноста за својот партиски и владин шеф Зоран Заев откако како единствен кандидат беше избран за лидер на СДСМ.



“Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат”, напиша министерот за премиерот и збуни огромен број граѓани кои не можат да најдат логика во тоа што го пишува Филипче.