Вистински Албанец до Заев за “shqiptarë Јане” и “Европа за по дома”

Испровоциран од гласањето на лажните Албанци во СДСМ како шефот на партиската организација во Свети Николе Јане Трајков, член на раководството на Алијанса за Албанците му се обрати на премиерот Заев со предлог за идниот слоган на партијата.



“Во време кога Пандемијата зема се поголем замав, и кога бројот на ново заразени и починати рапидно расте, на Премиерот му текнало да организира конгрес и да се самоизбeрe за уште еден мандат како што направи пред некое време кога имаше потреба да ги самопреброи своите пратеници и да ги тестира своите коалициони партнери, ама пак ВАКСАЈНС ЈОК..

Е Премиере,Премиере… алал ти вера викат постарите,за твојот ,,пашалук” нема ни мерки,ни ограничувања,нема ни полициски час, а нема ни ВАКСАЈНС за граѓаните.

Еден член, еден глас, И ЕДЕН Кандидат, ајдееее, па каде е логиката тука, вие и можете да мислите, односно да сакате да ни кажете дека ова е ,,Европа дома” ама ова е само ,,за по дома”

А мене од сета ова ваша циркусијада, ми остави впечаток еден ваш член Јане Трајков (shqiptarë) кој сте го вработиле како ,,shqiptarë” и се пофалил дека направил добар избор гласајќи за единствениот кандидат (тоест) за Вас Зоране..

Претпоставувам дека слоганот за идните избори ке ви биде ,,ГЛАСАЈТЕ ЗА СДСМ И ЌЕ ВЕ Вработиме, АКО НЕ КАКО МАКЕДОНЕЦ, КАКО ,,SHQIPTARË” СИГУРНО”, пишува Шефик Дураку до Заев.

Предходно лажниот Албанец Јане Трајков на Фејсбук се пофали дека гласал за Заев.

За Заев гласаат и Албанци, најпознат меѓу нив е Јане Трајков