Колку треба да си писмен…? – Незгодни прашања за “генсекот” на СДСМ

Колку треба да си арогантен, полн со неоправдана самодоверба и не претерано писмен да пишеш објава во која што на изборите за претседател на СДСМ на кои што има само еден кандидат, ќе кажеш: ова е врвот на демократијата. Кој ви ги пишува постовите г-не Николовски?!



Овие прашања до генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за корупција и криминал ги поставува новинарката Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија.

Според Цветковска СДСМ не е близу ниту до обична демократија.

“Во ниедна смисла не е врвот на демократијата. Се уште претседателот ги бира (лично) претседателите на општински, кои некогаш се бираа на избори. Статутот го промени ова СДСМ. Треба мноооогу повеќе за врв на демократиајта во една партија. Не е ни до демократија блиску”, пишува Цветковска.

Дел од приврзаниците на СДСМ се обидуваат да ја одбранат партијата.