„Ние постојано ги повикувавме властите во Скопје да престанат да ги прогонуваат луѓето со бугарска етничка свест. Но, тие не сторија ништо во последните години. Тие очекуваа дека некој ќе притисне надвор од Бугарија и ќе продолжат со тоталитаристичката југоловенска идеологија“ вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Идните генерации не можат да се воспитуваат и да се образуваат во омраза. Не можат агентите на Националната агенција за безбедност во Скопје да испрашуваат луѓе само затоа што читаат бугарски книги.
Не можете да линчувате пејач само затоа што тој објави дека има бугарско државјанство. Ова е апсолутна срамота “, вели Ковачев.
Според него, ЕП во повеќе наврати го изрази своето огорчување и разочарување од одбивањето на властите во Македонија да престанат да ги прогонуваат граѓаните кои се идентификуваат како Бугари, пренесе БГНЕС.
Ковачев вели дека архивите во Скопје треба да се отворат за да се открие вистината за жестокиот прогон по 1945 година, но дека дел од политичката елита во Скопје не сака ова да се случи .
Ковачев вели дека направил корекции во име на групата ЕПП во извештајот за напредокот на Македонија за кој ќе се расправа на 25-ти март во Европскиот парламент.






