Котецу со нов предизвик – „И ние сме деца на Македонија“

Откако ја испеа „Земјо македонска“, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу се подготвува да го стори тоа и со македонската народна песна „И ние сме деца на Македонија“.



Басот што претседава со Токиската опера, кој настапувал и во Македонската опера и балет и не ја крие љубовта кон Македонија, отпеа и сподели на Јутјуб десетина македонски песни. Меѓу нив „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Мој роден крај“ и „Ти се колнам“ на „големиот Јонче Христовски“, мислејќи на бардот на македонската народна и патриотска песна, потоа „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пиринa“, „Пијан идам од града“ итн.