Филипче не знае ни кога, ни која вакцина прва ќе пристигне

Министерот а здравство најави дека масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.



„Се соочуваме со силен бран, а модуларните болници се од голема помош, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на модуларната болница во Кочани.

Секојдневно се прави реорганизација на болничките капацитети како би се одговорило на потребите на граѓаните, рече монистерот.

Тој повтори дека очекува на почетокот на следната недела да бидат видливи резултатите од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, а доколку е потребно Владата е подготвенада воведе и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати.