„Ова сега што се случува со изјавите на Груби и Османи и повикот на Курти од Косово за попишување го немало никаде. Тоа е мешање во внатрешни работи. Тоа е отскокнување од она што значи државност и ред во една држава.
Тоа е паралелна дипломатија“, вели за МКД.мк поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски за активностите на првиот вицепремиер Артан Груби во Косово кој побара тамошните политичари да помогнат за попишување на албанската дијаспора, но и лобирањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Шпанија да го признае Косово.
Арсовски вели дека „дко ова се потврди, значи, не дека имаме двојна дипломатија, туку дека не постои веќе никаква дипломатија. Вакво однесување за клучни работи во државата е непознато во аналите на дипломатијата“,






