Рашковски молчи за судирот со “два метри ВМРО”

Екс генсекот на Владата на Македонија, Драги Рашковски молчи за фрлената ракавица за дебата со претставник на ВМРО-ДПМНЕ.



Советникот на Заев на Канал 5 понуди ТВ дуел помеѓу него и некој висок претставник на опозициската партија во „Само вистина“ но откако доби повратен одговор молчи за понудата.

“Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот ако после се може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За се што до сега ме обвинуваа”, изјави Рашковски за Канал 5 ТВ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски веднаш се огласи дека прифаќа.

“Кажете му на ЕлТендеРашко дека два метра чисто ВМРО ќе му застане пред него. Па баш да ги видиме тие „два три шамари за народот“ што се фалеше”, напиша Стоилковски на Фејсбук.

Рашковски за кого Јавното обвинителство води истрага за купениот софтвер од 80 илјади евра кој не е во функција молчи по понудата од Стоилковски.