Дневно се вакцинираат 2,5 милиони Американци – досега 100 милиони дози

Во САД досега се дадени 100 милиони дози вакцини против Ковид-19 со што е исполнета целта што ја постави претседателот Џо Бајден.



Ова е постигнато на повеќе од еден месец пред истекот на 100 дена на должност, што бил крајниот рок што тој го поставил новиот претседател, пишува АП.

Во САД, во моментов се даваат околу 2,5 милиони дози дневно.

Следна цел ќе биде администрирање на 200 милиони дози до крајот на 100 дена од преземањето на функцијата. „Треба да можеме да го удвоиме бројот“, рече Бајден.

САД имаат доволно залихи од три одобрени вакцини – Фајзер, Модерен и „Џонсон“ – доволни да ја покријат целата возрасна популација за 10 недели, ајави Асошиејтед Прес.