Рашковски слави роденден на сопругата во Мексико а мисли на Чулев

Од далечните егзотични мексикански плажи и ефтини хотели екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во нова изјава ја кани ВМРО-ДПМНЕ преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел.



“Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот, ако после сѐ може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа”, изјавил Рашковски за Канал 5.

Дали Рашковски ќе биде уапсен по враќањето од Мексико на крајот на месецот зависи од тоа што ќе најдат истражителите на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кои денска влегоа во владата.

Жешко во Мексико, уште пожешко на Илинденска

Тим на Русковска во владата ја собира документацијата на Рашковски